Знаете колку е поразително кога дете од 16 години ќе соопшти:”Мамо јас ќе одам да учам и ќе те повлечам и тебе. Се утепа од работа за ништо.”

Објавил: admin@magazin | 11 август, 2019 21:05

ВЕСНА БЕЈБИ: Премиере утре ако умрам, ќе ја ставам државата на трошок, затоа што не можам да “тргнам” денар на страна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешниот пост на Фејсбук профилот на премиерот Заев каде што пишува: „Македонија ја правиме убаво место за живеење“, актерката Весна Петрушевска го искоментира на социјалните мрежи.

Дали навистина?

Не знам за Вас ( ќе го задржам моето домашно воспитување и не Ве познавам, така од онаде ќе Ви направам муабет ) господине Заев, но еве јас ќе кажам за себе. Патем ич не се занесувам дека ќе Ви значи овој мој муабет, но затоа што се фалите и мене ми дојде да Ви се пофалам колку е убаво ова место за живеење.

Почнувам: -мојот син има 16 години и уште оваа година ќе живее во Македонија. Следното лето заминува во САД. Едвај чека да се школува во Америка ( фала богу има татко ,па може да му обезбеди) и не поднесува во буквална смисла на зборот што се случува. Инаку легалист ми е детето, знае! Вие сте родител, верувам ме разбирате!

Емпатични сте, така барем повторувате постојано. Знаете колку е поразително кога дете од 16 години ќе соопшти:”Мамо јас ќе одам да учам и ќе те повлечам и тебе. Се утепа од работа за ништо.” Така некако се живее во нашата земја господине Заев. Каде е системот за да ги мотивираме нашите деца? Каде е грижата за жртвите на сексуалното насилство?

Каде е поддршката за семејствата кои имаат деца со посебни потреби? Им направил некој муабет? Ги охрабрил? Каде е грижата за културолошка насока кај најмалите? Сите сме заглавени во кредити и живееме од денес за утре. Ох да не заборавам и слушаме снимки со навредлива содржина. Еве да Ви кажам господине Заев дека утре ( не дај боже скраја да е) ако умрам, ќе ја ставам државата на трошок, затоа што не можам да “тргнам” денар на страна за не дај боже де. Некако така се живее во нашава земја. Ама затоа народните пратеници, министри немаат гајле. Заборавив на одмор сте, јас не отидов на одмор. Јас сум една од тие 62% кои не можат да одат на одмор. Така се живее во Македонија, чесно! За друг начин немам поим. Поздрав кај и да сте! Поздравете по дома, на плажа и околу!, напиша Петрушевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...