Во животот имам толку направено за оваа држава и сеуште правам, помагам, творам, борец сум за прашања кои не се ни обиделе да ги отворат

Објавил: admin@magazin | 5 август, 2019 9:19

Весна „БЕЈБИ” распали по БОКИ 13: „Изигруваш голем хуманитарец, а навредуваш достоинство на стари лица„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Актерката Весна Бејби Петрушевска се огласи со Фејсбук статус на социјалните мрежи за аферата Рекет и напиша дека е страшно и бедно да изигруваш голем хуманитарец да навредиш достоинство на стари лица и во тоа да ти прават друштво полусветови и ликови од нашата влада.

Знаете што најмногу ме загрижува, ме поразува како човек во целата оваа сага “Рекет”…да смислиш како да украдеш пари со тоа што ќе формираш факинг меѓународен сојуз( не е за голема буква се извинувам) ќе изигруваш голем хуманитарец, ќе навредиш достоинство на сите стари и изнемоштени лица, во тоа ќе ти прават друштво полу светови кои мислат дека го фатиле горнион за мадиња со својата неукост и неписменост и сето тоа ќе го напрчат со ликови од нашата влада кои земаат пари од даноци кои ние редовно ги плаќаме.

Во животот имам толку направено за оваа држава и сеуште правам, помагам, творам, борец сум за прашања кои не се ни обиделе да ги отворат. Да украдеш пари за ѓомити старски домови па тој некој и да им даде … па крв поплукав за независни проекти, еве ќе снимаме детски серии , тинејџерски се потепавме од спонзори барање ( многу тешко дечки , ама многу) имам актерска школа каде децата ги учам на вистински вредности….за на крајот од денот да ви залепат шамари полусветови!!!

Не дај боже дете да ви се разболи во овој систем, не само што ќе бидете гневни , несреќни, обесправени … ќе се соочите дека иако сте тука секој ден за државата …таа не е тука за вас …Да ви се намочам на сите од прв до последен…и на претходни и на сегашни , за идни немам ни идеја кој би можел да биде јунакот сериозно…ама многу сум лута …ооо и да играм во театар и ќе играм само тоа не може да ми земете!!! Сега читам дека ќе ги укинете оние национални пензии.

Па укинете ги … моите другари актери кои се на таа листа ќе преживеат и без нив. Сите имате кратко паметење. Јас имав 25 години јубилеј мислите дека некој од Владава се сети телеграма да прати? Мене МНТ ми е домот 26 години.

Така ги забораваме и нашите доајени. Така сите ќе не заборават…јас барем инвестирам во деца кои ќе имаат сон пред себе и ќе го сонуваат .Баш е тешко дечки !Ама навистина тешко…

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ВЕСНА БЕЈБИ ПЕТРУШЕВСКА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести