Според ова би се претпоставило дека и таа е вмешана во овој случај, но според исказот на сведокот Орце Камчев министерката не била таква. Камчев се обиде да ја оправда Радмила Шеќеринска и во судот рече дека "таа не е таква". Камчев сведочеше дека Шеќеринска не била дел од системот за рекетирање, но сепак се отвара прашањето, зошто кога постојано го посетувала домот на Боки и имала состаноци со Катица Јанева а воедно и имала информација дека го рекетираат Орце Камчев, истото сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 15:02

Ветено сторено: Боки 13 пропеа и откри шокантни детали за “Рекет”, открива дел од вмешаните министри

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првоосомничениот во случајот Рекет, Боки 13 откако на минатото рочиште во вторникот истакна дека ќе пропее кој всушност е вмешан во случајот денеска ја шокираше јавноста со своето тврдење дека  всушност министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипче се двајца владини функционери кои биле редони гости кај Боки 13 дома.

Боки 13 денеска откри шокантни детали за случајо Рекет. Тој минатото рочиште најави дека ќе ги открие сите оние кои се вмешани во случајот… фото А1 он

Според ова би се претпоставило дека и таа е вмешана во овој случај, но според исказот на сведокот Орце Камчев министерката не била таква. Камчев се обиде да ја оправда Радмила Шеќеринска и во судот рече дека “таа не е таква”. Камчев сведочеше дека Шеќеринска не била дел од системот за рекетирање, но сепак се отвара прашањето, зошто кога постојано го посетувала домот на Боки и имала состаноци со Катица Јанева а воедно и имала информација дека го рекетираат Орце Камчев, истото сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.

Интересна е и информацијата дека Министерот за здравство Венко Филипче имал средба со Орце Камчев и тоа во домот на првоосомничениот за случајот Боки.

Како што наведе во судницата Боки 13, министерот Филипче во март годинава на Камчев му нудел бизниси кои Камчев ги одбил.

Камчев немал намера да влегува во сомнителни активности предожени од Боки 13 и Филипче.

Сепак од ова може да се заклучи дека всушност Боки 13 и Венко Филипче блиско соработувале во кримогени активности. 

Според она што денеска можеше да го слушнеме во судот, Боки 13 има намера да ги открие сите инволвирани во овој случај. Тој уште минатото рочиште најави дека има други учесници кои се дел од власта или дел од СЈО со кои соработувал. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести