Секуловски, кој беше баран со потерница од МВР, според извори на Сител веќе е во затворот во Шутка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 20:11

Уапсен убиецот на Мартин Јанушев- ова е злосторникот кој го усмрти младиот фудбалер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата вечерва го обезбеди Филип Секуловски Кобра, убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој е во бегство речиси две години, дознава Сител.

Секуловски, кој беше баран со потерница од МВР, според извори на Сител веќе е во затворот во Шутка.

Полицијата вечерва го обезбеди Филип Секуловски Кобра, убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој е во бегство речиси две години, дознава Сител.

Мартин Јанушев на 3. ноември 2017 година беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром.

Претходно, полицијата го пронајде затвореникот кој денеска успеа да им побегне на затворските полицајци кои го транспортирале на преглед, потврди МВР.

Тој е пронајден околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково.

Инаку Филип Секуловски Кобра, на 3 ноември излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Неговата затворска казна требаше да заврши во јуни 2018 година. Пред убиството, Секуловски се сретнал со Раде Трајковски Штекли, исто така познато лице од скопското подземје.

Инаку Јанушев беше убиен на  28-годишна возраст. Осомничениот по два дена веднаш беше изведен пред истражниот судија, за да во октомври, истата година, обвинението станува правосилно и по четири месеци, убиецот ја доби заслужната казна.

Критичната ноќ неколку часа по ликвидацијата на Мартин, на социјалните мрежи беше посочувано лице како наводен извршител на ликвидацијата. Истиот тој беше поврзан и со фантомската агенција за обезбедување „Омерта“, но, овие наводи беа демантирани од истражните органи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија