Младиот боксер и неговата сопруга оваа вест ја дознаа два дена после свадбата, а на нивната среќа им нема крај.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2019 20:13

ВЕЉКО ПРЕСРЕЌЕН ОТКРИВА : ЌЕ СЕ РОДИ ЖЕЉКО РАЖНАТОВИЌ АРКАН ПО ВТОР ПАТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот на балканската звезда Цеца, Вељко и неговата сега веќе сопруга Богдана Родиќ, пред два дена се заколнаа на вечна љубов во храмот Св. Сава во Белград, а за неколку месеци за прв пат ќе постанат родители.

Вељко Ражнатовиќ денеска го откри полот на бебето и сподели радосни вести за медиумите.

„Ќе се роди Жељко Ражнатовиќ по вторпат“ изјави Вељко за Република.рс, односно тие очекуваат син кој ќе го крстат по неговиот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Вељко и неговата сопруга оваа вест ја дознаа два дена после свадбата.

Имавме различни обичаи, кумот го облекуваше, го бричеше и му ставаше парфем. Кумот е од Кипар, па ги измешавме традициите, но ние сме сите православци. Анастасија плачеше, а јас бев весела. Ме понесе голема емоција. Прекрасно е кога сите се радуваат на нашата среќа, изјави Цеца за медиумите.

Парот одлучно прифатил да остане да живее во вилата на Цеца на Дедиње каде пред една година започнаа да живеат заедно. По црковното венчавање во фустанот од Цеца, Богдана блесна во нејзиниот фустан во кој изгледаше како од бајките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.