Зголемувањето на бројот на министерства на критика и на академската јавност

Објавил: Узунов Бобан | 6 март, 2019 11:14

(видео) Давитковски: Македонската Влада наликува на африканска

Фото/Текст извор: ©магазин

Во вчерашното централно издание на вестите на 1ТВ гостуваше Борче Давитковски, универзитетски професор кој говореше за проширувањето на Владата со уште едно ново министерство.

Поради зголемувањата на бројот на министерства очигледно ни е судбина да имаме африкански влади. Во Африка имаат, тие се мераклии и имаат министер за спорт, министер за младина, министер за ова или министер за она, нагласи Давитковски.

Давитковски говорејќи за нашата влада рече дека министри без ресор е стар систем кој што модерните демократии пред 40 години го напуштиле, но ние си ги задржавме. И кај нас имаме повеќе потпретседатели, а секаде низ развиените земји владата има еден потпретседател, обично министерот за надворешни работи, за финансии, за полиција зависно за која држава станува збор. Но воглавно имаат еден потпретседател, а ние имаме многу.


Министерот за финансии Драган Тевдовски, како  еден од главните говорници на панел дискусија одржана во март 2018 година кажа дека едни исти луѓе, при тоа мислејќи на професорот Борче Давитковски многу долго време ги пишувале законите во Македонија, но и покрај тоа немало значаен резултат од овие законски решенија. Тој тогаш најави дека до крајот на годината податоците за плаќањата преку трезорот ќе ги објават јавно на веб страница, по примерот на Словенија, и дека ваквиот начин на транспарентност ќе биде добар за граѓаните и ќе знаат како и каде се трошат јавните пари. До денеска министерот Тевдовски нема објавено информации колку средства наплаќал од буџетот Борче Давитковски  како експерт при подготовка на законите. 

Инаку ќерката на Борче Давитковски е актуелен член на Државната Комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка именувата од актуелната власт. 


Имаме потпретседатели на ранк за евроинтеграции наместо да направиме Министерство за евроинтеграции и кога ќе влеземе во Европа да престане, но ние направивме секретаријат. Па еве за Рамковен договор па ако го донесовме сега законот и со тоа да се заокружи имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и амандманите тогаш јас очекував тој секретаријат да се укине, а не да прерасне во Министерство, појасни Давитковски.  

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести