Таа за публиката јавно без срам одговараше на прашања кои беа предизвикувачки но и малку незгодни, но сепак Накова беше искрена до крај. Таа беше дел од рубриката 21 прашање каде реши да одговара сосема искрено и без пардон.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2019 18:27

ВИДЕО: Накова без срам одговара кое е начјудното место каде водела љубов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата македонска манекенка и старлета Александра Накова го прифати предизвикот на естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Таа за публиката јавно без срам одговараше на прашања кои беа предизвикувачки но и малку незгодни, но сепак Накова беше искрена до крај. Таа беше дел од рубриката 21 прашање каде реши да одговара сосема искрено и без пардон.

Накова со ќерќичката Леа за нејзиниот 4ти роденден

Следејќи го видеото ќе откриете многу нешта за Накова. Таа открива дека речиси секој ден добива казни за погрешно паркирање, пајак службата задолжително и ја крева колата.Накова открива дека најголема желба која н еи се исполнила, а уште како мала ја посакувала е да стане пејачка. Но можеби најинтересно и најголемо внимание привлекува нејзиниот одговор на прашањето кое било најчудно место каде водела љубов. Таа без ни малку срам изјави дека најчудното место на кое водела љубов е скутер на вода. Накова открива и за пластичните операции. Иако многумина сметаат дека таа неколку пати легнала под нож, сепак манекенката за Бекстејџ открива дека  ги коригирала градите но тоа е единствената хируршка интервенција која што ја има на себе. Дали е ова вистина, или Накова сокри нешто и не ги кажа сите операции, проценете самите. Инаку Накова е мајка на малата Леа, која пред еден месец наполни 4 години. 

Таа откако стана мајка реши да се повлече од очите на јавноста и да се посвети на мајчинството и малата Леа. Накова извесен период живее во родната Гевгелија заедно со семејството, а  со нејзиниот поранешен сопруг Никола Гајдаџиев, се раздели непосредно по породувањето, но сепак таа открива дека се во комуникација, особено поради тоа што старателството над Леа им е поделено.

Извор: backstage.mk

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.