Дали Стево Пендаровски си го предвидел поразот ?

Објавил: Узунов Бобан | 10 април, 2019 8:58

(видео) Пендаровски: Ако потпишам промена на името и одам на избори сигурно ќе изгубам

Фото/Текст извор: ©магазин

Стево Пендаровски како претседателски кандидат на изборите во 2014 година и како еден од фронтмените на СДСМ за референдумската кампања за промена на името е вистинска ризница на видеа од негови изјави на кои јасно се гледа како човекот ги менува политичките ставови во зависност од потребите на СДСМ и се разбира неговата кариера и желба да постане претседател на државата. 

Во интервју за локална телевизија Пендаровски тврди дека тој што ќе потпише промена на името ќе изгуби на избори и дека ако референдумот е неуспешен процесот запира тука. Дали човек кој што денеска ја убедува јавноста дека Преспанскиот договор е израз волја на народот и дека референдумот бил успешен има “кичма” да биде претседател ?

Пред девет дена започна кампањата за избор на претседател на државата. Кандидат на владејачката СДСМ е Стево Пендаровски кој пред неколку години велеше дека кој и да потпише промена на име ќе загуби на наредните избори.

-Јас ти тврдам сега јас да потпишам и да речам утре ќе одам јас на избори ќе ве растурам тоа е лага можеш само да изгубиш пошто тешко е прашањето промена и внатрешна промена на името на држава и на институции за ерга омнес внатре тешко, рече Пендаровски.  

Дали Пендаровски со ваквата изјава си го предвидел поразот на претседателските избори ? 

Во истата емисија Пендаровски вели: Процесот запира тука и заев и сите други велат како год да биде обликот на референдумот задолжителен консултативен одлуката на народот за нас ќе биде конечна нема тука што ги прашавме не не интересира. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести