петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Хардинај ќе биде сослушан поради злосторствата кои ги направиле поранешните припаднаици на ОВК врз српските и неалбански жители за време на воениот конфликт кон крајот на 90-те години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2019 11:33

ВИДЕО: Со спуштена глава, Харадинај стигна во Специјалниот суд во Хаг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај  пристигна во Специјалниот суд во Хаг каде што е повикан на распит, во својство на осомничен, пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово.

Хардинај ќе биде сослушан поради злосторствата кои ги направиле поранешните припаднаици на ОВК врз српските и неалбански жители за време на воениот конфликт кон крајот на 90-те години.

Хардинај во петокот поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Во петокот Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата премиер поради сослушувањата пред Специјалниот суд, а денеска ќе се појави пред истражувачите.

Тој на Фејсбук напиша дека „Косово тргнало напред на евроатланскиот пат и дека е посилно од било кога, на линијата на мирот и во сеприсутните пријателства со САД“.

Инаку Харадинај во вчерашното интервју за приштинската телевизија Т7 изјави дека од судот во Хаг е повикан на интервју, но дека против него се уште не е покренато обвинение.

-Да, утре ќе отпатувам за Хаг, изјави Харадинај, додавајќи дека интервјуто пред судот е закажано за наредниот ден, среда, 24 јули.

Тој повтори дека поднесе оставка од функцијата претседател на Владата, затоа што пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер.

-Не би можел тоа да му го направам на Косово, бидејќи тоа би покажало дека Косово е ранливо, изјави Харадинај, изразувајќи уверување дека и овој пат ќе се потврди дека борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК) била праведна и чиста.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.