Нема заладување на повидок, топло и суво време во претстојниот период

Објавил: Узунов Бобан | 18 март, 2019 9:13

Вистинска пролет во претстојниот период

Фото/Текст извор: ©магазин

Пролетта и топлите денови и официјално ни пристигнаа а според моменталните анализи на видик нема никакво поголемо заладување на времето.

Во текот на следните денови под влијание на претежно стабилна и топла воздушна маса која продира од југ времето во Македонија ќе биде сончево, повремено со мала до умерена облачност а само утре попладне особено на планинските места ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен дожд, гремежи и засилување на ветерот, исто така услови за сосеба слаб локален дожд и тоа особено на исток и југоисток ќе има во текот на ноќта среда кон четврток.

Денес ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет, потоа во следните денови ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе засилува на интензитет а температурите ќе бидат незначнително пониски но топлите пролетни денови и покрај ова ќе продожат Што значи максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени со исклучок на четврток кога максимумот на истите ќе изнесува од 14 до 21 степен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести