Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани.
Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 42% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина
Со последните бројки 35% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина
Пријави се на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.