Ова практично значи дека тој повеќе нема да биде директор на „Пошта“, одлука која доаѓа без никаква претходна најава.

Објавил: Перо Милчин | 20 април, 2022 6:44

Владата го разреши Макрадули откако тој договори покачување на платите во „Пошта“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Разрешувањето доаѓа откако пред пет дена доскoрешниот директор договори покачување на платите за вработените за 3.000 денари, прво зголемување на платите во „Пошта“ после 20 години. 

Владата на вчерашната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.

Ова практично значи дека тој повеќе нема да биде директор на „Пошта“, одлука која доаѓа без никаква претходна најава.

Поранешниот пратеник од СДСМ и министер за ТВ21 кусо одговорил дека прашањата за разрешувањето треба да се упатат во Владата.

“Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле. Убаво попладне и секое добро”, вели Макрадули за ТВ21.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести