Со оваа мерка повеќе домаќинства ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.

Објавил: Весна Петровска | 9 септември, 2019 15:50

Владата најави пред стартот на грејната сезона: Продолжува субвенционирањето на инвертер клими

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Владината мерка за субвенционирање на клими -инвертер продолжуваа и тоа пред почеткот на грејната сезона.

Со оваа мерка повеќе домаќинства ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.

Интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и заради тоа е донесена одлука со субвенционирање на овие уреди да се намалат трошоците на оние што ќе одлучат да го одберат овој начин на затоплување. Субвенциите за инвертер клима уредите заедно со субвенциите за печките на пелети се од големо значење до спроведувањето на процесот на гасификацијата кој бара време за да стигне до крајните корисници.

Андреевски: Мерките на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат развој на енергетиката и пониски сметки

– Прво целта ни е да вратиме дел од исклучените 14.000 домаќинства во системот на БЕГ. Таму каде што не е возможно тоа, каде граѓаните се греат на дрва, и каде што загадувањето е најголемо, значи не само во Скопје, туку и во другите градови, планираме да воведеме сет мерки за субвенционирање, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисјата за енергетика на СДСМ.

Субвенцијата има за цел да ги мотивира граѓаните кои ги загреваат своите домови со печки кои користат огревно дрво, нафта и други скапи и нееколошки енергенси да ги заменат со далеку поевтините и поеколошките инвертер клима уреди или други современи системи за затоплување. Инвертер клима уредите трошат околу 30% помалку електрична енергија од обичните клима уреди, а повеќе од 50% ги намалуваат трошоците во однос на греењето со огревно дрво. За оваа намена во буџетот на Градот се предвидени 20 милиони денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...