Заев пред изборите ветуваше дека ќе го продаде мерцедесот и ќе купи амбулатни возила!

Објавил: Данаил Михајловски | 6 јуни, 2019 22:45

Владата на Заев ќе потроши 53.000 евра за гуми за мерцедесот на Груевски!

Фото/Текст извор: ©online / магазин

Cлyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата на Р. Македонија склучи договор со фирмата „Мак Ауто Стар“ за набавка на соодветни гуми за блиндиpaниот  владин „Мерцедес“ во вредност од нeвepojaтни 3.296.857 денари, или 53.000 евра, објави порталот Инфомакс.мк. Тоа на „М“ како што милyваше да го именува актуелната влада додека беше во oпoзициja, според вeтyвaњaтa на Заев требаше да биде продадено вeднaш, а со парите од продажбата да бидат набвени aмбyлaнтни возила за потребите на Бpзaтa Пoмoш. Овие зборови останаа само празни ветувања.

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја почна постапката за преземање на возилото од МВР, по што ќе следува процесот за негово продавање и набавка на амбулантни возила. „Прво мерцедесот ќе се даде на проценка во Бирото за судски вештачења, каде ќе се утврди колкава е неговата вредност во моментов. Потоа ќе објавиме лицитација, почетната цена на возилото ќе биде онаа која ќе се утврди со вештачењето, па преку наддавање ќе се продава“, изјави во декември 2017 годинина истиот директор Пеце Мирчевски, кој и сега е директор на Службата за општи и заеднички работи.Foto Google

Премиерот Зоран Заев во октомври 2017 година на централниот митинг во Скопје за локалните избори најави дека Владата нема да го користи мерцедесот, туку тој ќе се замени за амбуланти возила за клиниките.

 
„Да ви најавам дека тенкот, мерцедесот на Груевски од 600.000 евра ќе го вратиме и со парите ќе купиме амбулантни возила за клиниките“, рече Зоран Заев.

Додека беше во опозиција многу функционери на СДСМ го критикуваа купувањето на владиниот мерцедес, нарекувајќи го тоа хир на Груевски и распиништво. Се правеа дури и споредби со трагичната смрт на малата Тамара од Велес, со манипулативни тврдења дека дел од потрошените пари за мерцедесот можеле да го спасат нејзиниот живот. Денес, кога Заев е на власт, мерцедесот не сопира, со него се возат сите странски гости, како Меркел, Столтенберг, Тереза Меј, а некои медиуми објавија дека го користи и самиот Зоран Заев, но на подискретен начин. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести