Мајката на Пино вчера изјави дека премиерот Зоран Заев ја пријавил во полиција поради вознемирување

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2019 16:19

Владата негира: Не е точно дека Заев ја пријавил мајката на Пино за вознемирување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што пренесува Локално.мк денска од Владата ја демантира изјавата на Маја, мајката на исчезнатиот Пино, дека премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување.

Од младото момче повеќе од три месеци нема ни трага ни глас.

Мајката која повеќе од три месеци очајнички моли за помош и трага по своето исчезнато дете, вчера изјави за медиумите дека таа го контактирала премиерот Заев преку Вибер и како што вели барала помош од него за да се пронајде нејзиниот син, а тој јнаместо да помогне, ја пријавил во полиција за вознемирување.

-Контактирав, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање – кажа Трпковска.

Од Владата го негираат ваквото тврдење на Маја. 

– Не е точно дека премиерот ја пријавил Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, по што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго, велат од Владата, пренесува Локално.мк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести