Во вчерашната комуникација Заев му наложил на Шилегов, Вардар да се пречека со сите почести, но доколку може да се избегне “Порта Македонија“

Објавил: Данаил Михајловски | 3 јуни, 2019 10:22

Градот Скопје организира пречек на Вардар низ Триумфалната порта, во 20 часот!

Фото/Текст извор: ©магазин

Владиниот протокол веќе е во комуникација со тимот на Самсоненко, околу деталите за пречекот на европските ракометни шампиони од Вардар, дознаваме од извори во владиниот протокол. Тимот на Вардар побарал владата да организира чартер лет Келн-Скопје, како и да се обезбеди превоз со двокатните автобуси на ЈСП од аеродромот до “Порта Македонија“. Авион со чартер лет до Скопје чини околу 30.000 евра. Премиерот Заев вчера му дал налог и на градоначалникот на Скопје да го следи примерот од 2017-та кога градот Скопје организираше величенствен пречек на шампионите. Единствената дилема што ја имала власта е дали може во целата церемонија на пречекот да се избегне поминувањето низ “Порта Македонија“, бидејќи истата од Заев и Шилегов беше критикувана како симбол на “режимот“, која според советникот на премиерот, Мирослав Грчев, е дивоградба која треба да се сруши. Деталите сеуште се преговараат.

За само три години РК “Вардар“ освои две шампионски титули во европскиот ракомет, што само по себе е пишување на една извонредна спортска историја за цела Македонија, но и за самиот европски ракомет. Победата на Вардар силно одекна во целата европска јавност, а особено во земјите каде ракометот е популарен, како што се Германија, Хрватска, Србија, Данска, Полска, Франција и други држави.

Вардарци побарале на плоштадот “Македонија“ да се постави бина на која пред насобраните поддржувачи би го подигнале европскиот златен трофеј. На градскиот плоштад, зависно од тоа во колку часот би се пристигнало со чартер летот, се очекува да се случи масовен собир на љубителите на македонскиот спорт, бидејќи сите се свесни за извонредниот подвиг на ракометниот клуб Вардар, а и вчерашната вечет покажа колку тоа И значи на целата нација. Според извори од протоколот, пред насобраните граѓани на свечениот пречек би се обратиле капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, како и финансискиот покровител Сергеј Самсоненко. Во комуникацијата на државниот протокол со управата на ракометниот шампион било заклучено дека обраќање на државни функционери пред навивачите на Вардар не би било препорачливо. 

Советникот за култура во СДСМ, Ѓунер Исмаил, во 2013г за 24Вести изјави: “СДСМ кога ќе дојде на власт планира уривање на спомениците од проектот Скопје 2014, кои се навреда за нашиот вкус. Конкретно од оној воин, сосе татко му и мајка му. И Порта Македонија ќе биде третирана како и секоја дивоградба. Не гледам причина зошто и минирањето да не биде опција. Ако стручњаците кажат дека таа не треба да биде таму, нема да биде“, рече Исмаил.

Службите на Град Скопје најавија точната агенда за пречекот на Вардар и целата церемонија, односно авионот со ракометарите ќе слета во 18:30мин на аеродром. Народот е желен за победничка прослава.

За потсетување, како беше во 2017 година: ракометарите на Вардар слетаа на аеродромот во 11:30, па со градските автобуси се упатуја кон влезот на Скопје. Потоа цела поворка на автобуси, автомобили и народ се движеше по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“. Потоа по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“. Во таа 2017 година во 14 часот ракометарите да пристигнаа на преполниот плоштад „Македонија“, преку Порта „Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести