Реакцијата на Владата доаѓа откако Пауновски за Алсат ТВ изјави дека не добил никакво укажување за неговото поднесување.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 април, 2021 19:00

Влада: Пауновски доби три дописи за неговото непостапување, имаше и усни укажувања

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата тврди дека во три наврати писмено му укажала на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, за неговото непостапување во случајот со преземањето на рамковно вработените од Министерството за политички систем и за односи меѓу заедниците, пренесе 360!

На Твитер профилот на портпаролот на Владата ги наведуваат датумите кога биле испратени дописите до ДПИ од две министерства.

„Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања. Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици“, велат од Владата.

Реакцијата на Владата доаѓа откако Пауновски за Алсат ТВ изјави дека не добил никакво укажување за неговото поднесување.

Од Илинденска и синоќа излегоа со соопштениедека директорот на ДПИ бил писмено известен за сите детали во врска со оправданоста на распределбата на рамковно вработените, како и дека тој не ја почитувал законската обврска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести