петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Инаку Панчевски е обвинет за местење судски предмети. Против судијата Панчевски има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, постапка која сè уште не е завршена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2019 11:08

Владимир Панчески избркан од судската зграда: „Ме избркаа како партал од канцеларијата„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера беше суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски,денеска следува нов шок за него. Имено судијата Панчевски на својот Фејсбук профил, објави статус во кој наведува дека утрово бил избркан од судската зграда.

Фејсбук статус на судијата Владимир Панчевски

 

Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.

Така функционира овој криминален систем!

Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!

Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска! напиша Панчевски.

Инаку Панчевски е обвинет за местење судски предмети. Против судијата Панчевски има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, постапка која сè уште не е завршена. Против него, обвинителството поднесе и обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

Како што објави обвинителството, наводно Панчевски судските предмети ги делел на рака на одбрани судии, заобиколувајќи го АКМИС системот за електронска распределба. Освен случаи на редовното обвинителство, Панчевски рачно делел и предмети што го водело Специјалното обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.