Мицевски рече дека власта свесно го избегнува разрешувањето на Јанева бидејќи ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува нејзиниот мандат. Според Мицевски ова е јасна порака дека власта се става во одбрана и заштита на катица Јанева.

Објавил: Весна Петровска | 11 септември, 2019 13:46

Заев ја спаси Катица Јанева од разрешување

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Мнозинството на СДСМ и ДУИ со 58 гласа го одби предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, одлуката за разрешување на Јанева да се стави како прва точка на дневниот ред на денешната седница, дознава Сител.

Мицевски рече дека власта свесно го избегнува разрешувањето на Јанева бидејќи ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува нејзиниот мандат. Според Мицевски ова е јасна порака дека власта се става во одбрана и заштита на катица Јанева.

Талат Џафери во процедурална забелешка потенцираше дека нема никаква правна пречка разрешувањето на Јанева да се најде на денешната седница, порачувајќи дека таа точка не ја ставил на дневен ред проади тоа што имало начелен договор меѓу партиите разрешувањето на Јанева да оди на посебна седница, без да прецизира дали воопшто има време таа да се закаже пред 15 септември.

По ова, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја обвини власта дека се става во заштита на Јанева која се наоѓа во притвор и побара 1 час пауза за да може да искомуницира со медиумите и да им ја објасни новата ситуација.

Повеќе можете да прочитате ТУКА 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антониот МИлошоски на својот Фејсбук профил исто се огласи за тоа дека власта одбива да гласа за разрешување на Јанева.

Антонио Милошоски кој вчера беше дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се огласи и вели дека премиерот ја спаси катица Јанева од разрешување

– ВМРО-ДПМНЕ денес предложи Собранието да ја разреши СЈО Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за спец.обвинителка да биде разрешена. Дополнителен аргумент е што Јанева е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски. Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Катица Јанева да биде разрешена од позицијата специјален јавен обвинител.

Интересно е да се знае кој заеднички договор со осомничената го има власта што се уште ја штити обвинителката Катица Јанева. Толку ли многу тајни знае Катица Јанева, затоа што таа знае премногу информации за тоа кој се од власта е вмешан во Рекет, напиша пратеникот

 

За потсетување, по одржувањето на комисиската седница на која се донесе предлог-одлука за разрешување на специјалната обвинителка, која е во притвор за случајот „Рекет“, Џафери упатил формално барање до четирите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците за писмено да достават согласност за разрешувањето на Јанева, според Законот. Досега формална писмена согласност е добиена само од ДУИ и Алијанса на Албанците.

– Во четвртокот заврши комисиската расправа во однос на иницијативата на Советот на јавни обвинители во однос на барањето за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обврска на Собранието е да расправа и според закон со двотретинско мнозинство и плус Бадентеровото гласање да се потврди предлогот на Комисијата за разрешување и истиот да се врати на усвојување на Советот на јавни обвинители. Во четвртокот попладне упатив писмо до четирите најголеми политички партии онака како што налага Законот за специјалното јавно обвинителство, за да написмено да ми достават согласност кон пристапување за утврдување предлог одлука за разрешување на Јанева, рече претседателот на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести