Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да гласаат за избор на еден од деветте пријавени кандидати за претседател на државата.

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2019 17:48

ВМРО ДПМНЕ вечерва избира кандидат за претседател

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да гласаат за избор на еден од деветте пријавени кандидати за претседател на државата. На гласачките ливчиња кандидатите се испишани по азбучен ред.

Конвенцијата во Струга почна напладне и сите кандидати имаа говор и ги претставија своите идеи и визии во програмата. 

Во трката за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ се Филип Петровски, Горан Ангелов Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

Секој од кандидатите имаа 15-минутни обраќања во кои ги претставија своите идеи и како би работеле во иднина.

Силјаноска изјави во своето обраќање дека ако неа ја изберат ќе формира експертски тим за низ призма на уставното право и дека ќе го отвориме прашањето за Република Македонија пред меѓународните судови и институции. За неа е владеењето на правото врвната цел. Сите народи имаат право на самоопределување. Филип Петровски рече дека Струга е на картата за голема Албанија, и дека тој не е дојден овде да го гласаат делегатите бидејќи тој бил претставник на народот.

Додека пак Влатко Ѓорчев рече дека како претседател на Република Македонија ќе се обврзе да отиде на најважните места каде се креира светската политика и ќе се бори за Македонија со целото свое срце, а не како Зоран Заев и Никола Димитров каде се е на продажба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести