Информации има само од Бугарија, од членови на комисијата, експерти и медиуми, а Ковачевски и Османи се кријат и молчат велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Мате Парлоф | 3 април, 2022 9:35

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бетер од Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Освен штури соопштенија за некаква си позитивна атмосфера во преговорите, граѓаните не се информирани што е договорено во комисијата.

Информации има само од Бугарија, од членови на комисијата, експерти и медиуми, а Ковачевски и Османи се кријат и молчат велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот, таен договор на повидок? Нема одговор дали Ковачевски се откажал од јазикот и што е договорот за Цар Самоил и дали тоа е причина за радоста во Бугарија? Македонската влада води нетранспарентни и задкулисни преговори, без да биде запознаена опозицијата, пратениците во Собранието и сите граѓани за деталите во овие преговори. Ковачевски и Османи треба веднаш да соопштат за што точно се преговара и дали се повторно се тргува со националните интереси. Националните предавства и порази на оваа ненародна власт треба веднаш да запрат се вели во соопштението од опозициската партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика