Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога“,стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: admin@magazin | 15 мај, 2019 20:58

ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави, изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера беше објавена снимка за која се тврди дека Павле Богоевски нарачува канабис.

„Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори„

„Постојат отворени сомневања дека Богоевски консумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати. Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична пријава за Богоевски. Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие очекуваат од Зоран Заев по директното признание од Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка, но и Богоевски да покаже морална доблест и да даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник во собранието на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести