Затоа веднаш проверете ја нивната издржливост. Кондомите на компанијата Durex не ги поминаа тестовите на издржливост, па затоа мора да бидат повлечени од пазарот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2019 10:02

ВНИМАВАЈТЕ: Кондоми на Durex пукаат среде секс, компанијата ги повлекува од пазарот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бидете внимателни доколку користите заштита, бидејќи од најпознатата компанија за производство на кондоми Durex потврдија дека неколку од новите испорачки се полни со кондоми кои пукаат при помал притисок.

Затоа веднаш проверете ја нивната издржливост. Кондомите на компанијата Durex не ги поминаа тестовите на издржливост, па затоа мора да бидат повлечени од пазарот.

Производите кои се повлекуваат доаѓаат од сериите Durex Real Feel 12 (рок на траење до февруари 2021) и Durex Latex Free 18 (рок на траење до јануари 2021).

Водечкиот бренд за производство на кондоми, Durex, веќе ја изрече наредбата за нивните кондоми да бидат повлечени од пазарот, откако тестовите покажаа дека тие покажуваат знаци на откажување и лесно пукаат за време на секс, посебно при крајот на нивниот рок на траење.

Производите кои се повлекуваат доаѓаат од сериите Durex Real Feel 12 (рок на траење до февруари 2021) и Durex Latex Free 18 (рок на траење до јануари 2021).

Сите производи со сомнителен квалитет се тргнати од полиците во маркетите ширум светот, велат од компанијата.

Од таму апелираат до купувачите кои поседуваат вакви кондоми дека можат да отидат во локалниот маркет и бесплатно да ги заменат за нови.

Иако кондомите се најраспространетиот метод за контрацепција и единствениот начин да се заштитите од сексуално преносливи болести сепак и тие не се 100% сигурни. Без разлика од која марка на заштита користите се случува кондомот да се скине додека имате сексуален однос, иако не е честа појава.

Најважно е правилно да ги отворите кондомите.

  • Не употребувајте заби, ножица или друг остар предмет за да го отворите пакетчето на кондомот.
  • Пазете на ноктите додека го поставувате презервативот.
  • Користете кондоми со точна големина. Ако кондомот е преголем, поголема е веројатноста да се скине.
  • Внимавајте вашиот партнер да го притисне горниот дел на кондомот додека го поставува. Така ќе го избегнете создавањето на меурче со воздух, кое може да го предизвика пукањето на кондомот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.