Стапуваат на сила новите законски одредби со кој се става крај на можноста за регистрација на возилата во странство кои се возат по македонските патишта.

Објавил: Перо Милчин | 2 февруари, 2021 20:31

Возилата со странски таблици ќе мора да се пререгистрираат во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓаните што возат автомобили со странски таблици ќе мора да ги прегеристрираат со македонски, доколку сакаат да ги возат во земјава.

Стапуваат на сила новите законски одредби со кој се става крај на можноста за регистрација на возилата во странство кои се возат по македонските патишта.

Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен.

Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за меторологија и другите институции како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши во одговор на прашање по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести