Во рамките на оваа одлука Владата им порача на општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски и да склучат Договор за отстранување на бесправно поставени објекти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 10:52

ВО ЖИВО: Започна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровка!

Фото/Текст извор: ©миа.мк фото миа

Денеска претпладне започна со рушење дивоградбата кај Мавровска. Уривањето на објектот го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, објави МИА.

Имено одлуката за рушење на дивоградбата кај Мавровка беше донесена на вчерашната владина седница кога беше предложено да му се препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување на регионалните и магистралните патишта да донесе олука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон општина Чаир, односно од соппствени средства.

Во рамките на оваа одлука Владата им порача на општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски и да склучат Договор за отстранување на бесправно поставени објекти.

По исполнување на договорот, општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се должни во рок од седум дена да подготват и до Владата на Македонија да достават соодветна информација за извршување на обврските од одлуката.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести