Од сообраќај се исклучени четворица возачи, од кои тројца пред да се стекнат со право на управување и еден почетник, како и три нерегистрирани возила.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 мај, 2019 10:16

Во изминатиот викенд во Скопје се случиле 33 сообраќајки и повредени се 25 лица!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Сообраќајната полиција издала осум казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се седум возила  во изминатиот викенд во Скопје.

Во изминатиот викенд во Скопје казнети беа пет возачи за брзо возење, по исто така двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин.

За неправилно престигнување казнети се по еден возач за неправилно престројување во сообраќајот, односно не употребувале во возењето сигурносни појаси, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатиот викенд во Скопје се случиле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои три сообраќајки се со тешки телесни повреди, а додека пак 22 лица се задобиле со полесни повреди, а во 16 возила е причинета голема материјална штета.

Од сообраќајот во Скопје се исклучени четворица возачи, од кои тројца пред да се стекнат со право на управување и еден почетник, како и три нерегистрирани возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...