Веќе неколку пати се зборуваше за укинување на летното и зимско сметање на времето. Уште минатата година во рамките на ЕУ се зборуваше за укинување на оваа пракса најдоцна до оваа година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 март, 2020 12:06

ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО- Ќе биде ли ова последно менување?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во недела, односно овој викенд започнува летното сметање на времето. На 29 март во 2 часот наутро, часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Летно сметање на времето или летно време — договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996 г. е регулирано со Законот за сметање на времето.

Веќе неколку пати се зборуваше за укинување на летното и зимско сметање на времето. Уште минатата година во рамките на ЕУ се зборуваше за укинување на оваа пракса најдоцна до оваа година.

По ова, постигнат е компромис новата директива да стапи на сила од 1 април, а последното менување на сказалките да се случи во март 2020 година. Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајното прифаќање на летното или зимското сметање на времето, објави Курир.мк.

Уште од античко време луѓето користеле дневни распореди соодветни на годишните времиња. На пример, кај Римјаните должината на часот варирала: еден час траел 44 минути на денот на зимската краткоденица, а 75 минути на летната долгоденица. Нееднакво траењет на часот во лето и зима сѐ уште се употебува на некои традиционални места во светот, на пример во некои од манастирите на Света Гора.

Во едно анонимно писмо, објавено во 1784 г., Бенџамин Франклин забележал дека парижаните штедат на свеќи така што стануваат порано во лето за да го искористат денот.

Во 1905 г. англичанецот Вилијам Вилет го „измислил“ летното сметање на времето додека јавал на коњ едно прекрасно летно утро пред доручекот. Тој бил воодушевен од убавината на утрото и помислил дека е штета што поголемиот дел од лондончаните спијат во најубавото време од денот. Две години подоцна тој го објавил својот предлог, но идејата била прифатена за првпат во Британија дури на 30 април 1916 г. Во САД летното сметање на времето започнало од 31 март 1918 г.

Додавањето на еден час дневна светлина попладне генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Покрај тоа, продолжувањето на попладневната дневна светлина изгледа го намалува бројот на жртви од сообраќајни незгоди. Исто така, изгледа дека се заштедува електрична енергија со намалувањето на периодот на вештачко вечерно осветлување. Во САД пресметале дека летното сметање на времето заштедува 1% од потрошувачката на нафта.

Од друга страна, поместувањето на часовниците го комплицира одржувањето на сатницата, и може да ги поремети состаноците, возните редови, медицинските уреди, наплатата за разни услуги, итн. Особен хаос се создавал во минатото поради неконзистентности помеѓу државите во сметањето на времето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.