Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019" е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран.

Објавил: Перо Милчин | 20 февруари, 2019 17:44

Во Струмица утре почнува меѓународниот „Пандев Куп 2019″

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019″ е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран.

Најмладите фудбалери ќе го отворат турнирот утре, каде ќе се одржат натпревари во четири групи од по четири екипи. Овој турнир ќе заврши во недела на 24 февруари. На турнирот ќе земат учество 1.500 дечиња во пет различни категории, а на 28 февруари ќе започне и натпревар помеѓу генерациите 2006,2007 и 2008

Горан Пандев е истакнат македонски фудбалер, кој во моментов настапува за Џенова во италијанската Серија А и е моментален капитен на Македонската фудбалска репрезентација. Тој исто така е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.

Од академијата Пандев изјавуваат дека ваквиот интерес на голем број екипи од повеќе земји го потврдува и фактот дека овој Пандев Куп под водство на најдобриот фудбалер од Македонија на сите времиња Горан Пандев, ќе прерасне во традиција и го добива епитетот за најмасовен и најсилен турнир.

Во летниот период во истиот турнир ќе земат учество повозрасни категории, ќе учествуваат 96 екипи од повеќе земји. 

ФК Академија Пандев е фудбалски клуб од Струмица, Македонија, кој моментално игра во Првата македонска фудбалска лига. Своите натпревари ги игра на Стадионот Младост во Струмица. Академијата била основана од страна на македонскиот фудбалер Горан Пандев, по кого е наречена Академијата. Од 2014 година, Академија Пандев има сениорска екипа кој се натреварува во сениорските лиги. Во 2017 година, екипата била унапредена во Првата лига за прв пат во нејзината историја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...