петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



На 7 септември, Министерството броеше само 28 затворени училишта и 262 паралелки поради епидемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2020 11:50

Во Франција се затворени 81 училиште поради коронавирусот

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Од почетокот на школската година, само по една недела на работа на 7 септември, Министерството за образование регистрира дека 28 школски установи и 262 паралелки беа затворени заради епидемијата, јави дописникот на МИА.

А според последните бројки кои ги даде министерот за образованием Жан Мишел Бланкие, до денес се затворени осумдесет и едно училиште и нешто повеќе од 2.100 паралелки поради случаи на Ковид-19.

Бројот на затворените училишта претставува „околу 0,13 отсто“ од околу „60 000 училишта во земјата“, рече министерот.

-Ова се бројки кои се уште се многу ограничени (…) а кога имате само 0,13 отсто, сепак е добро враќањето на училиште“, „ тоа е најдоброто можно нешто со оглед на здравствената криза“, процени Бланкие.

На 7 септември, Министерството броеше само 28 затворени училишта и 262 паралелки поради епидемијата.

-Имаме околу 1.200 нови случаи на ученици заразени со Ковид во споредба со претходната недела“, детално објасни министерот, потсетувајќи дека општо е правилото, „да се затвора една паралелка ако има три регистрирани случаи со Ковид.“ (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.