Прага ова утро на крај од август со температура од 6.5 степени Целзиусови

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 13:12

Во Чешка рекордно ниска температура од минус 8.5 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рекордно ниска температура за крајот на летото од минус 8.5 степени Целзиусови беа регистрирани синоќа во областа Шумава во јужниот дел на Чешка соопшти Јана Гујслова портпарол на Националната метеоролошка служба.

Таа истакна дека ноќта била рекордно студена во поголемиот дел од земјата пренесува ТАСС.

Во цела Чешка освен Прага во текот на ноќта температурата беше помала од 10 степени. Во регионот околу главниот град каде до пред неколку дена имаше големи горештини беа измерени само 6.5 степени.

Експертите велат дека драстичните температурни колебања се должат на климатските промени во Чешка предизвикани од глобалното затоплување. Како резултат на тоа периодите на топлина и суша ќе бидат подолги и ќе бидат проследени со нагли заладувања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.