Несреќата се случила на 13 февруари 2019година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица.

Објавил: Владо Марин | 1 септември, 2020 20:02

Во Штип и Тетово, откриени возила за јавен превоз со неисправни уреди за запирање и управување

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк
Несреќата се случила на 13 февруари 2019година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица.

Поради слични проблеми со неисправно возило како што се објавуваше во медиумите, минатата година се случи тешка автобуска несреќа кај Ласкарци!

Несреќата се случила на 13 февруари 2019година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица. 

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот. На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“. Несреќата допрела до целата македонска јавност. На социјалните мрежи се појавило неформално движење под мотото „Сите се возиме во ист автобус“, изразувајќи сочувство за несреќата и преку истото граѓани самоиницијативно на блиските на учесниците во несреќата им понудиле сместувања, храна.

Министерот за внатрешни работи Спасовски два дена по несреќата изјавил дека МВР дотогаш има покренато пет постапки за говор на омразаповрзани со несреќата.

Владата ги прогласила за ден на жалост 14 и 15 февруари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести