Судијката Џанета Бегтовиќ рече дека за ова, била известена од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 февруари, 2020 11:36

Во ќелијата на Јакимовски пронајден телефон- давал инструкции од затвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Емил Јакимовски чие име  јавноста го дозна неодамна по заканите кои ги упатуваше кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска во моментот се наоѓа во затворот во Шутка. 

Како што објави денеска А1он. при претрес на неговата ќерија бил пронајден мобилен телефон „Хуавеи“ со СИМ картичка . 

Емил Јакимовски беше вработен во Централен Регистер. Тој се товари за вршење на семејно насилство и загрозување на сигурноста на неговата поранешна сопруга. Емиј упатуваше закани до новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Судијката Џанета Бегтовиќ рече дека за ова, била известена од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Вештото лице во својот заклучок има констатирано дека обвинетиот Емил Јакимовски е способен да го следи текот на расправата. Неговата здравствена состојба се менува, затоа ќе се произнесе вешто лице за неговата моментална здравствена состојба, односно дали обвинетиот е способен да го следи текот на расправата“, констатираше судијката, пренесува А1он.

Судот добил известување и дека Јакимовски давал иструкции на неговото семејство како да се користи портал и иструкции за ставање наслови.

„Примено е и известување од КПУ затвор „Скопје“ со кое се известува судот дека за време на посетата на притвореното лице Емил Јакимовски со неговото семејство давал иструкции за користење на портал и ставање наслови на „Фејсбук“. Во прилог има и службена белешка потпишано од овластено службено лице, виш надзорник од затворот“, посочи судијката Бегтовиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести