За потсетување, централен регистар го избрка од работа Емил Јакимовски- Гусар, кој изминатата недела им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска од „А1ОН“ и Искра Коровешовска од „Алфа ТВ“, како и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски преку Фејсбук соопшти дека Јакимовски е отпуштен поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.

Објавил: Весна Петровска | 17 јануари, 2020 17:54

Полицијата го уапси Емил Јакимовски за семејно насилство

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство, информираат од МВР.

Полицијата попладнево потврди дека Емил Јакимовски е приведен во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство.

Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје“, соопшти МВР.

За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.

За потсетување, централен регистар го избрка од работа Емил Јакимовски- Гусар, кој изминатата недела им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска од „А1ОН“ и Искра Коровешовска од „Алфа ТВ“, како и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски преку Фејсбук соопшти дека Јакимовски е отпуштен поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.

„Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот“, вели директорката Бошковска Јанковски.

Викендов беше злоупотребена и Фејсбук страницата на Централен регистар за навреди за директорката и вработени во Централен регистар.

„Страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, вели директорката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести