СЈО и платите

Објавил: Узунов Бобан | 15 септември, 2019 10:04

Вработените во СЈО со баснословни примања, пратеникот Милошоски ги објави платите во цело СЈО

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој е дел од работната група за новиот закон за обвинителство, објави дека просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари, доколку, како што објаснува тој, на редовна плата се додадат надоместок за вршење на јавно-обвинителска дејност и додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна.

„Просечните месечни примања на помошниците-обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, според истите три основи“, напиша Милошоски на фејсбук, откако Советот на јавни обвинители ја разреши Јанева поради незаконско, нестручно, несовесно работење, по што се очекува утре да биде констатиран крај на мандатот и на другите обвинитело во СЈО.

Од септември 2015 година, кога беше формирано заклучно со јули 2019 година Катица Јанева и тимот специјални обвинители потрошило околу 9 милиони евра, а заедно со буџетот за годинава СЈО ќе не чини речиси 12 милиони евра.

Еве колку пари потрошиле специјалните обвинители.

2015 ————-220 илјади евра

2016 ————-2 милиони евра

2017—————-2,6 милиони евра

2018—————-3,1милиони евра

2019—————-3,7милиони евра

Сумата што ја добиваат од цетралниот буџет им се зголемува од година в година. Од завршните сметки на буџетот објавени на сајтот на Министерството за финансии се гледа дека во 2015 СЈО почнало со 220 илјади евра. Годинава, пак, имаат за трошење најголем буџет од 3,7 милиони евра. Од кои 1,2 милион се за плати и надоместоци. Лани Специјалното јавно обвинителство потрошило еден милиони евра само за плати. Но колкава плата земаат специјалните обвинителите во јавноста засега е тајна. На ова прашање одговор не даваше ниту Катица Јанева. Телевизија 24 побара од СЈО одговор, но дали ќе добиеме, од институцијата велат дека за тоа дополнително ќе одлучат специјалните обвинители на заедничка седница.

 

Наспроти потрошените 9 милиони евра, институцијата што требаше да донесе „правда, за да има мир“ во земјава, има четири решени случаи, два затворени со откажување од обвинението, 15 активни предмети пред Кривичниот суд, четири случаи што се вратија на повторени постапки, и два за кои се чекаат одлуки од Апелацискиот суд. И 19 истраги за кои сѐ уште не е поднесено обвинение.

Сѐ на сѐ, 40 недовршени процеси по четири години работа. Најбрзо заврши случајот „Тифани“, во кој новинарката Ивона Талевска ја призна вината за затајување данок и доби условна казна, со задолжување да врати 27 илјади евра. За набавката на блиндираниот мерцедес, само Ѓоко Поповски е во затвор. Груевски избега во Будимпешта, а Јанкуловска доби одложување на затворот.

Правосилна е и одлуката за „Труст“, каде осуда има за бизнисменот Сеад Кочан, кој денес требаше да оди во затвор, но се разболе и за „Триста“ за набавката на возила во МВР. СЈО го изгуби случајот со Латас и неговите викендички во Зелениково.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести