Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува.

Објавил: Владо Марин | 18 јуни, 2020 7:53

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени.

Потоа и во следните денови ќе продолжи нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи , засилен ветер и услови за локална појава на град, особено за време на викендот и на почетокот од следната недела. Најстабилен ден ќе биде утрешниот ден петок кога ќе има услови само за сосема ретка појава на краткотраен дожд, особено на североисток.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...