Максималните температури денес ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Објавил: Мате Парлоф | 22 февруари, 2022 7:16

Врнежливо време и силен ветер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под влијание на низок воздушен притисок и на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог.

Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Поради заладувањето, на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Максималните температури денес ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што на околните планини ќе има услови и за повремени врнежи од снег. Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа од утре следува неколку дневен период на стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец, додека минималните температури на некои места ќе се спуштаат и под нулата, а максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Нов влажен бран од запад се очекува да ја зафати нашата држава во текот на ноќта сабота кон недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...