Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави Александар Вучиќ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 октомври, 2019 22:18

Вучиќ: Америка нема да го промени својот став, нема да ни дадат поделба на Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на ветропаркот во Мермер кај Ковин пред новинарите изјави дека никој на србите не им нуди поделба на Косово, и додаде дека ништо нема да и дадат на Србија алудирајќи на тоа дека Америка го призна Косово и бара независност а токму Америка нема да го промени својот став.

Александар Вучиќ е српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија. Вучиќ претходно бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија. Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014). По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија. На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.

Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави Александар Вучиќ.

Во врска со вчерашниот разговор во Белград со специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, Вучиќ изјави дека потребно му е време за да размисли во врска со разговорот па потоа ќе излезе во јавноста.

-Разговорот беше сериозен, отворен и одговорен и тоа е сè што можам да кажам, повтори Вучиќ во два наврати и продолжи: За разлика од другите политичари, не сум толку умен да можам да кажам големи приказни, сакам да помине одредено време и да размислам, да видиме што можеме да сториме за одредени теми и само тогаш да излеземе во јавноста.

Сузана Васиљевиќ советникот на претседателот на Србија по вчерашната средба изјави дека разговорот бил многу тежок и дека не може да даде детали. Васиљевиќ истакна дека Вучиќ и Гренел сами разговарале првите десет минути а потоа им се придружил директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ.

-Она што беше чудно е што првпат претседателот самиот пишуваше службени белешки од состанокот, бидејќи разговорот очигледно беше доста тежок и тој вчера не беше подготвен ни со нас да разговара за тоа, рече Васиљевиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.