Претседателот на Србија проговори за заканите во приватниот живот

Објавил: Узунов Бобан | 26 јули, 2019 12:17

Вучиќ: На мојот син му се закануваа со смрт, на ќерка ми со силување

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во утринската програма на Прва ТВ говореше за сите важни теми во Србија, за Косово, ЕУ, Железарата и заканите кон неговото семејство.

Александар Вучиќ има еден неуспешен брак со Ксенија Јанковиќ кој траел од 1997 до 2011 година, а од 2013 година е во брак со Тамара Ѓукановиќ.  

Многу е битно што јас правам за Србија. Борбата за Смедерево беше голема, мислев дека е невозможна мисија. Илјадници часови работа е вложено во тоа и јас тој ден сакав да ја споделам мојата радост бидејќи спасивме 5.000 луѓе и железарата за која требаше да платиме 100 милиони евра само да ја уништиме и да останеме без ништо … Ама на некој тоа му пречело.

Вучиќ додал дека некој не можел да поднесе тој да кажува добри и убави вести, па одговорил со коментари и навреди кон неговите деца.

На мојот син Данил му се закануваа со смрт, а на ќерката Милица со силување. Како таа се справува со тоа? На Милица не мора премногу да ѝ објаснувате. Таа е јака, таа знае … или само добро ги крие емоциите. Секогаш мислев дека сум добар психолог, но … Што би направил вашиот татко ако некој вас ви го каже тоа – рекол Вучиќ, кој смета дека станува збор за политичка омраза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести