Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека долгот на општина Охрид, која12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.

Објавил: admin@magazin | 10 ноември, 2019 9:58

Георгиески на трибина: Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, ни оставија блокирана сметка

Фото/Текст извор: ©магазин,мк

Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана сметка и долг од милијарда и 600 милиони денари, но со владината помош очекуваме општината наскоро да стане солвентна, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат“

Градоначалникот на Охрид пред граѓаните рече дека долгот на општина Охрид, која12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.

Со делбениот биланс на претпријатието „Проаква“, јавното државно претпријатие „Колекторски систем“, го презеде долгот и очекуваме општината конечно да биде одблокирана напролет 2020, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Охрид.

Потпретседателот Оливер Спасовски на трибина во Охрид рече како партија се посветени на градење независен судски систем.

Со новиот Закон за ЈО отвораме простор за зајакнување на правната држава, да има вистинска реформа во судскиот систем и да обезеди правда за сите, од обичен човек до највисоките функционери, порача 

Спасовски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бараат начин како да ги ослободат криминалците од нивните редови и затоа не гласаат за Законот.

Но тоа нема да го дозволиме, ќе сториме се, борбата против криминалот и корупцијата нема да ја изгубиме туку ќе ја добиеме, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на правдата. Битката против криминалот и корупцијата не смееме и нема да ја изгубиме, заклучи потпретседателот Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.