Зборот „беса“, ако не се лажам, имаше некаква врска со феноменот чесност, нели?

Објавил: Владо Марин | 5 март, 2020 6:39

ГЕРОСКИ: Денеска си во право, друже Заев, но вчера беше во криво и џабе му се јуначеше на ДУИ!

Фото/Текст извор: ©Плус инфо

 

Во право си, друже Зоране Заев. Денеска си во право. Еве, ако јас, кој остро те критикувам, го велам тоа, сигурно се важи дупло повеќе од мислењето на твоите медиумски апологети.

Значи, да, точно е дека промената на имињата на двете основни училишта во Чаир е спроведена согласно со законот. Како што велиш ти, ама денеска.

И јас мислам така. Добро е што од вчера до денеска сте ги провериле „сите аспекти од постапката“ и после „темелна анализа“ твоите „правни тимови“ констатирале и те информирале дека промената на имињата е согласно со членот 26 од Законот за основно образование. (Фразите во наводници се цитати заради прецизно пренесување на твој исказ, не се иронија).

Зборот „беса“, ако не се лажам, имаше некаква врска со феноменот чесност, нели?

Еве уште еден твој цитат од денеска: „Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја“.

А еве го цитатот на твојата претходна изјава на оваа тема: „Со записник на некој си училишен одбор надвор од законските прописи е спроведена одлуката и доставени се материјалите. Ги повикувам институциите да постапат по закон. Законодавецот предвидел како се менува назив на училиште и тоа го одлучуваат граѓаните преку своите претставници“.

Вчера било „надвор од законските прописи“, а денеска е „законски“. Како така, друже мој?

Одговорноста подразбира темелна, ама и навремена проверка на фактите. Повторувам, навремена! Да, за да се спречат било какви обиди, како што велиш и самиот, „за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја“. Твојот завчерашен обид така да поентираш ете пропадна и јас верувам дека освен задоцнетата памет на твоите „правни тимови“, за тоа придонело и нешто друго.

Но, не сакам да шпекулирам и да ја ширам темата. За да не создаваме, како што велиш и самиот, „простор за ширење национализам и поделби“. Твојата невнимателност, или можеби некој друг мотив, вчера создадоа токму таков простор. Што не е добро.

Сега сакам да те посоветувам да ја преиспиташ и твојата изјава за двојазичните табли. Дури и за таа во Струмица, во која живееле само тие Албанците што правеле бурек. Мислам на твојата изјава што се однесува на сите оние дојазични табли кои наводно биле поставени „по грешка“. Речи им на твоите „правни тимови“ да го препрочитаат законот уште еднаш. Па да размислат малку.

Можеби утре и таа изјава ќе ја смениш, друже Зоки. Ако биде зорт…

Зашто, Бујар Османи од ДУИ е целосно во право кога ти објаснува дека двојазичните табли законски се поставуваат и во општини каде нема 20 отсто Албанци, бидејќи дел од институциите во тие општини имаат подрачни канцеларии во општини каде Албанците се во процент пропишан со законот. Османи разумно ти објаснува дека во општината Велес, на пример, има подрачни единици кои ги покриваат потребите и на граѓаните во општината Чашка, каде што има повеќе од 20 отсто Албанци. И не е само Велес таков случај.

Не велам дека ние треба да бидеме среќни со законот, таков каков што е. Твој си е тој закон, друже Зоки. Со него се гордееше. Тој закон затвори крупен проблем во меѓуетничките односи. Тој закон ти овозможи мирно да владееш, заедно со ДУИ. Да, во него има спорни решенија, на кои укажа и Венецијанската комисија, чие мислење, твојата влада практично одби да го испочитува. Тој закон затвори едни, а отвори други проблеми. Но, законот е таков каков што си е и мора да се почитува додека не се промени, подобри и унапреди.

И да бидам сосема искрен, не ми се допаѓа реториката со која сега, во коалиција со Билал Касами од Беса, бараш 61 пратеник. За да не те уценувала ДУИ. Ова ти сериозно?! Бујар Османи, друже Зоки, со право ти укажува дека тоа е реторика на Никола Груевски. Копи-пејст. Од збор до збор.

И секако, време е да им обрнеш внимание на тоите сопартијци од врвот на СДСМ, дека со клевети и навреди на сметка на Османи – за кого Мухамед Зекири, на пример, вели дека наводно станал лекар благодарение на Груевски?! – се создава широк простор за разгор на национализмот и на меѓунационалните поделби. Со вакви изјави не се создава „едно општество за сите“. Или грешам?

И секако, време е да им обрнеш внимание на тоите сопартијци од врвот на СДСМ, дека со клевети и навреди на сметка на Османи – за кого Мухамед Зекири, на пример, вели дека наводно станал лекар благодарение на Груевски?! – се создава широк простор за разгор на национализмот и на меѓунационалните поделби. Со вакви изјави не се создава „едно општество за сите“. Или грешам?

Можеби сево ова сега му одговара на твојот партнер Касами, бидејќи е јасно дека сте обединети водени од силниот мотив да ја освоите власта. Нема љутиш, тоа е легитимно. Но, одговорните политички субјекти треба да разговараат и за други прашања од значење на меѓуетничкиот соживот во земјата. Не е доволно да се оговара ДУИ, твојот сè уште актуелен партнер во власта, друже Зоки. Препорачувам ти и твоите „правни тимови“, со Касами и со неговите „правни тимови“, сериозно да си поразговарате за законите и за темите за кои јас лично не верувам дека имате согласност во новата коалиција.

Демантирајте ме, ве молам.

Еве, на пример, би сакал да знам дали Беса се согласува со ставот на Заев во врска со „грешното“ поставување на двојазичните табли. Просто прашање. Господине Касами, извинете што ве прашувам вака јавно и отворено, но сепак – можеме ли ние од Беса да добиеме прецизен одговор и став за ова прашање? И за многу други програмски и идеолошки прашања. За да го информираме електоратот на време. Одговорно и транспарентно. И чесно.

Зборот „беса“, ако не се лажам, имаше некаква врска со феноменот чесност, нели?

ПС. Во еден од моите ретки тет-а-тет разговори со покојниот Киро Глигоров (беа тоа ретки, но секогаш долги, многу долги разговори), претседателот ми даде еден ваков совет – никогаш немој да поттикнуваш кавга меѓу Албанците, бидејќи тоа нема да ти го заборават.

Секогаш се трудев да се водам од тоа правило. Советот од Глигоров беше за еден млад новинар (тогаш не бев ни суетен), но мислам дека важи и за секој умен политичар Македонец. Па ти види, друже Заев…

Бранко Героски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...