Уредникот и сопственикот на порталот плусинфо со црна прогониза за политичката ситуација

Објавил: Узунов Бобан | 27 март, 2019 9:29

Героски: За време на кампањата и по неа народот ќе се закрви

Фото/Текст извор: ©plusinfo.mk/магазин

Уредникот и сопственикот на порталот плусинфо  Бранко Героски со црна прогоноза за политичката ситуација во Македонија за време и по кампањата на претседателските избори. Исто така тој ги обвини лидерите дека ваквиот наратив на политичките лидери не дава надеж за крупни политички и општествени промени. 

Героски исто така предвидува дека Мицкоски ја зајакнува својата улога во преговорите за СЈО и дека посредно ги признава ефектите од Преспанскиот договор без намера да го руши истиот. 

Новинарот Бранко Героски е близок до СДСМ во последниот период силно ја критикува СДСМ и власта за неспособоста во спроведувањето на рефоримите, непотизмот и корупцијата. Таквиот негов став доведе и до судир во неговата редакција со нивнарот Бранко Тричковски и разделба на долгогодишната соработка. Героски го обвини Тричковски за беспоговорна сервилност кон власта.

Наспроти општиот впечаток дека телевизискиот дуел на Канал 5, меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерите на двете најголеми македонски политички партии, се сведе на жестока меѓусебна лична пресметка, јас мислам дека политичката јавност доби неколку важни информации, врз основа на кои може релативно прецизно да се процени што ќе се случува со Македонија на политички план во следните неколку месеци. 

Тоа значи дека во кампањата и по неа конфликтот ќе бликне со сета своја силина, но енергијата ќе биде насочена кон јакнење на позициите на партиските елити во своите корпуси (членство и симпатизери). Поинаку кажано, тоа што народот пак ќе се закрви, наместо да се помири, не е никаков сериозен план, та дури ни некаква луда надеж, дека се движиме кон позитивни и крупни политички и општествени промени.

Прво, дознавме дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се релативно блиску до постигнување конечен договор за законот со кој Специјалното јавно обвинителство ќе се инкорпорира во Јавното обвинителство. Позицијата на одбрана на СЈО како „ексклузивно“ обвинителство и „прек суд“ е отфрлена од сите. Не ја слушнавме дури ни мантрата на Заев што многумина очекуваа да ја слушнат – aut Katica aut nihil.

Второ, се чини дека Мицкоски ја зајакнува својата позиција во преговорите за судбината на СЈО, со еден најавен пакт со осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои му откажаа послушност кога се гласаше Договорот од Преспа, но кои можеби ќе се приклонат кон партискиот став за законот за СЈО. Тоа битно ги менува работите, бидејќи без нив нема двотретинско мнозинство.

Трето, Мицкоски нема да го смени својот националистички наратив и негирањето на вредностите на Договорот од Преспа. Вистинска штета е тоа за капацитетите на опозицијата. Но, вака или онака, под притисок на противникот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сепак мораше да каже дека луѓето од неговата партија кон овој документ нема да се однесуваат „како Талибанци“, што е посредно признание дека ќе ја прифатат обврската барем формално да го почитуваат. А ништо повеќе од тоа и не се бара.

Четврто, ни Заев ни Мицкоски немаат сериозни одговори на прашањето што со корупцијата и со непотизмот, кои се со епидемиски размери. Обајцата бараат спас во одлуките на Антикорупциската комисија и не се подготвени да го егзекутираат прашањето на политичката одговорност. Зошто? Затоа што и оваа власт, како и претходната, за жал, нема три чисти да расчисти со овие зла во своите редови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести