Како и да е, го повикувам Миленко барем еднаш да се потруди да докаже една од своите бедни измислици за мене.

Објавил: admin@magazin | 13 декември, 2019 17:15

ГЕРОСКИ НАЈАВИ НОВА БОМБА: Во јануари ќе ве газам со нова тура приказни – мамичето мамино клеветничко!

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Хајката против мене се засилува. Тоа покажува колку власта е ослабена, а Заев нервозен. И колку одбраната на Катица Јанева и на Бојан Јовановски во аферата “Рекет” стои на стаклени нозе. Гомнојадец до гомнојадец. Сите ќе се вадат на метафорично лудило, на емотивен занес, на непресметливост… И на “јавниот интерес”, се разбира, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.

Желбата лично да ме дискредитираат нивните апологети, со еден куп клевети и измислици, ги здружи пропагандистите на СДСМ и Миленко Неделковски.

Уште еднаш се докажа дека баграта не познава идеолошки и партиски разлики. Кога е зима, куче и маче спијат заедно…

Кон толкувањата на снимените монолози на Орце Камчев, во кои јас сум спомнат како “бомбаш во најава” (без никаква основа, се разбира), се приклучи и Миленко. Во текст на порталот Дудинка, тој тврди:

“…Врбуван соработник на бугарските тајни полициски и разузнавачки служби, за сума од 25.000 евра во кеш исплатени во Скопје, Бранко Геровски ја одработил бугарската агенда. Односно, бугарската освета на Бојко Борисов кон Зоран Заев, затоа што не му беше овозможено да купи сериозен пакет акции во Комерцијална кај Хари Костов”.

Го повикувам Миленко барем еднаш да се потруди да докаже една од своите бедни измислици за мене. Еве, нека докаже дека сум бил врбуван од бугарските служби, пишува Героски.

Бреј! Не би ме чудело некој наскоро да почне да тврди дека сум бил соработник и на српската тајна служба. Грчки платеник и шиптарољубец сум од поодамна. И што ли уште не… Лудилово крај нема.

Како и да е, го повикувам Миленко барем еднаш да се потруди да докаже една од своите бедни измислици за мене. Еве, нека докаже дека сум бил врбуван од бугарските служби. Нека докаже дека ми се исплатени 25.000 евра кеш во Скопје (прифаќам и доказ за 2,5 евра кеш).

И нека докаже каква врска имам јас со таа негова приказна за Бојко Борисов и за Хари Костов. Конечно, нека докаже дека Земјата е рамна плоча, белким тоа е полесно за докажување…
После толку лопати лајна изедени деновиве за мене, од сдсмовските пропагандистички психопати, па сè до овие малоумни измислици на Миленко, редно е некој да се обиде да изнесе некаков конкретен доказ, или да оформи некакво основано сомневање, па да си се видиме на суд, ко луѓе.
Вака, нема кого да тужиш.

Гомнојадец до гомнојадец. Сите ќе се вадат на метафорично лудило, на емотивен занес, на непресметливост… И на “јавниот интерес”, се разбира.
Нема друго чаре. Чекам да се долајат песовиве, па да се фатам и јас за работа. И како беше она…

Ах да! Дагау, мамичето мамино клеветничко!
Нема веќе милост за баграта! Се сеќавате како ве газев во јуни годинава? Се сеќавате на оние шокантни, кодирани, но вистинити приказни? Е па спремајте се за нова тура, другарчиња. Некаде во почетокот на јануари.
Дагау!!!

ПС. Слушнав кој би можел да биде најверојатниот снимач на средбата на расклештениот Камчев со друштвото во Бугарија. Шокиран сум! Ако е навистина тој.

Очекувам да ми се јави и да ми каже дека не е…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...