Акцијата била спроведена во утринските часови а полицијата уапсила најмалку 17 лица, дел од албанска нарко група, што шверцувала кокаин од Холандија.

Објавил: Весна Петровска | 1 август, 2019 15:57

ГОЛЕМА АЛБАНСКА НАРКО БАНДА ПАДНА ВО ИТАЛИЈА: Дрогата била планирана да се продава на плоштадот во Рим

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откриена голема криминална група од страна на италјанската полиција.

Акцијата била спроведена во утринските часови а полицијата уапсила најмалку 17 лица, дел од албанска нарко група, што шверцувала кокаин од Холандија.

Според тамошните информаци, уапсени се во рамки на акцијата „Црн орел“ што ја спровела полицијата од Рим, а во соработка со секторот за борба против мафијата. Во акцијата запленети се околу 200 килограми кокаин и оружје.

Албанската нарко група дрогата ја продавала на главните плоштади во Рим.

Голема количина на кокаин падна во рацете на италјанската полиција

Истрагата продолжува, а веќе уапсените ќе одговараат за меѓународна трговија со дрога и поседување оружје.

Иста ваква група била и пред 5 години уапсена од страна на италјанската полиција.

Тогаш водачи на албанската криминална група биле биле браќата Едмонд и Герти Марку, како и Дитмир Вучај. Кокаинот во Италија го шверцувале, главно од од Холандија додека марихуаната и хашишот од Албанија а ги транспортирале со камиони натоварени со разна стока, но и со автомобили.

Главната база им била во италијанскиот град Вареса, а свои ќелии имале и во Холандија, Белгија и Албанија. Групата била следена 4 години.

Во акцијата, запленети се два тона марихуана, 15 килограми кокаин, 54 килограми хашиш чија вредност на нарко пазарот изнесува над два милиона евра. Конфидкувани им се неедвижен имот, девет скапи автомобили а блокирани им се и 13 банкарски сметки

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.