Според неа, по раѓањето, бремената жена била вратена во респиратор и во моментов е во стабилна состојба. Таа има билатерална пневмонија, но, како што дознаваме, таа беше негативна на тестовите цело време.

Објавил: Владо Марин | 20 јули, 2020 18:19

ГОЛЕМА ТАГА ВО СРБИЈА: Се породи бремена жена која беше на респиратор, бебето почина!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

27-годишна трудница од околината на Ниш, која со денови е на респиратор поради сомнение за ковид, се породи денес со царски рез заради влошување на состојбата, но новороденчето починало кратко време по неговото раѓање, дознава „Блиц“.

 Советот на лекари денеска донесе одлука дека бремената жена која е во 31-та недела да се породи со царски рез во 10.30 часот, со оглед дека нејзината општа состојба е влошена.

Таа роди момче, но многу набргу после тоа и покрај сите мерки на реанимација, лекарите не успеаја да се изборат за неговиот живот.

Бебето почина во 11,50 часот – вели за „Блиц“ проф. Д-р Анѓелка Славковиќ, помошник генерален директор на КЦ Ниш за детски клиники и директор на Клиниката за детска хирургија и ортопедија!

Според неа, по раѓањето, бремената жена била вратена во респиратор и во моментов е во стабилна состојба. Таа има билатерална пневмонија, но, како што дознаваме, таа беше негативна на тестовите цело време.

-PCR-тестовите беа негативни, но нејзината тешка општа состојба ги натера лекарите да се сомневаат во ковид.
Таа има билатерална пневмонија и била насочена од инфектолог во центарот на ковид поради клиничката слика и општата тешка состојба, објаснува проф. Д-р Славковиќ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...