Половна час по првиот, изби и втор пожар на шест километри северно од Ламија, кој пред 19 часот беше ставен под контрола.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јули, 2019 19:15

ГОЛЕМИ ШУМСКИ ПОЖАРИ ЈА ЗАФАТИЈА ЦЕНТРАЛНА ГРЦИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во близина на градот Ламија во централна Грција избија два пожари, од кои едниот е веќе ставен под контрола, а жителите на едно село превентивно беа евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Во близина на градот Ламија, избувнаа големи пожари, од кој едниот е ставен под контрола. Поради недостапниот терен и силниот ветер ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Големиот пожар е на 12 километри северно од Ламија, во близина на селото Диври, чии што жители беа пренесени на безбедна локација, изби пред 15 часот по локално време во шумски дел и брзо се прошири, а силниот ветер и високата температура ја отежнуваше работата на пожарникарите.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 42 пожарникари со 21 возило и 18 лица од пешадискиот тим, 5 авиони и 4 хеликоптери, а со 11 цистерни помагаат од општината, а исто така присутна е и грчката полиција.

Одделот за противпожарна заштита во Грција, извести дека пожарот е од поголем размер и дека биле побарани дополнителни сили за противпожарна заштита. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.