Гордана Јанкуловска е осудена на затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“ во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 мај, 2019 14:08

Гордана Јанкуловска ја одложи затворската казна до јули !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска доби одложување на затворската казна до месец јули.

Гордана Јанкуловска е осудена на затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“ во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Како што соопштија од Основниот суд од Скопје, по барање на обвинетата донесено е решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година заради чување на дете.

Денеска Основниот суд Скопје 1 соопшти дека пресудата на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ 46/18 од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите означен како „Тенк“ со која жалбата на Г.Ј., на која и се судеше во раздвоена постапка, делумно се уважува на начин што се преиначува првостепената пресуда во делот на казната, заедно со списите од предметот е доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

 Со оглед дека со доставата конечно се создадени услови за постапување по предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на одбраната на обвинетиот Н.Г., предметот „Тенк“, заедно со списите од раздвоената постапка, веднаш се доставени на надлежно постапување во Врховниот суд на Р.С.М.

Што се однесува до пресудата на Апелациониот суд со која делумно се уважува жалбата на Г.Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, истата веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции кој постапувајќи по барање на обвинетата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година заради чување на дете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести