Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.53%.

Објавил: Владо Марин | 18 јануари, 2021 14:16

Горивата поскапуваат за денар, односно денар и половина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ повторно ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.53%.

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска по полнопќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести