Неговата состојба адвокатот Сашо Дуковски ја коментираше како критична, при тоа наведувајќи дека „Секој човек има право на живот“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 октомври, 2019 21:36

Го труе ли некој Боки 13 во зaтвopoт бидејќи премногу знae?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку дена Боки 13 во моментот кога требаше да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот Рекет во кој тој е првоосомничен, колабираше и итно беше префрлен во болница.

Неговата состојба адвокатот Сашо Дуковски ја коментираше како критична, при тоа наведувајќи дека „Секој човек има право на живот“.

 

Бојан Јовановски во моментот се наоѓа во затворот во Шутка а е осомничен за најголемата рекетарска афера во историјата на независна Македонија, аферата „Рекет“. Во оваа афера обвинета е и  сега веќе поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец кој е пуштен во домашен притвор. Според обвинението тој, заедно со Кичеец и Јанева земале најмалку 1.5 милиони евра рекет од бизнисменот Орце Камчев, но и од други бизнисмени за олеснување на постапката во случајот „Империја“ во која беа обвинети Камчев, Цветин Панделевски, но и други бизнсмени и луѓе од јавниот и политичкиот живот.

Насловната страна на српски Курир каде наводно Боки 13 изјавил дека сите докази против премиерот Зоран Заев се во рацете на неговата мајка!

Во оваа афера се вмешуваат и лица од највисоките ешалони на власта.

Така на пример, во исказот на Камчев во неколку наврати се споменати имињата на Фросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, судијката Весна Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков, Радмила Шекеринска и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски.

Споменат е и премиерот Зоран Заев кој според исказот ги предупредил Боки и Кичеец дека е започнта истрага.

Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Уште од самиот почеток на откривање на аферата, српските медиуми пишуваа за наводен список кој се наоѓал кај Боки 13, а на кој биле напишани имињата на сите функционери кои земале дел од рекетарскиот колач.

Тогаш, српските меидуми го цитираа Бојан Јовановски кој со заканувачка порака се обидуваше да си го спаси животот:

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

Како што објави Инфомакс, оттука се отвара и прашањето, дали Бојан Јовановски е под вистинска закана за неговиот живот во притворот и дали некој можеби го труе, имајќи ги во предвид симптомите на кои постојано се жали и во притворот – за кои информира и неговиот адвокат – но и симптомите кој денес целата јавност ги посведочи за време на исказите во обвинителството. Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

ИЗВОР ИНФОМАКС.МК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика