Според ЕМСЦ, јачината на земјотресот била 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Објавил: Перо Милчин | 8 јануари, 2021 4:57

ГРАЃАНИТЕ ВО ПАНИКА: Нов земјотрес ја погоди Хрватска, се тресеше во областа Сисак и Петриња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот земјотрес беше почувствуван вчера околу 18:40 часот во централна Хрватска, пренесува порталот Индекс.

Според ЕМСЦ, јачината на земјотресот била 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Порталот додава дека земјотресот бил почувствуван во областа Сисак и Петриња, а нешто послаб во Загреб и дека траел неколку секунди.

Ова е трет по двата земјотреса што ја погодија Хрватска. Првиот со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала се случи околу 6:30 часот, а подоцна околу 7:50 часот, земјата повторно се тресеше со интензитет од 4,9 степени.

На 28 декември силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, 15 минути по 12 часот напладне.

Епицентарот беше на 45 км југоисточно од Загреб, во близина на Петриње, каде се јавува за материјални штети, a земјотресот бил почуствуван речиси во цела Хрватска. Имаше повредени и загинати лица!

Градоначалникот  Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена во Петриње.

„Извлекуваме луѓе од автомобилот, не знаеме бидејќи имаме загинати и повредени, слушнав и дека се урна градинката, но за среќа немаше деца во градинката, додека други деца се спсени од другата градинка. Владее општа паника, луѓето бараат свои под урнатините“, додаде тој, повикувајќи секој што може да помогне на Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

Вознемиреност има и кај жителите на главниот град Загреб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.