Затоа со консензуалната политика која што ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Република Македонија...

.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2020 21:58

Груби: Ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Сите знаат дека тоа што ќе го науми ДУИ тоа и ќе го оствари посочи пратеникот Артан Груби во своето гостување во вестите на телевизја Сител говорејќи за најавата на Ахмети дека на следните избори Македонија ќе го добие првиот Албанец премиер. Тој истакна дека ниту Зоран Заев не победи на изборите во 2016-та година, но ДУИ му помогна консензуално да седне во премиерската фотелја и токму поради оваа причина е убеден дека Македонија ќе има Албанец премиер.

Артан Груби е роден во Скопје на 7 Јуни 1977 година. Основното и средното образование го заврши во Скопје со одличен успех. Високото образование го заврши при Правниот Факултет “Јустиниjан Први” со што се стекна со звањето Дипломиран Новинар.
Артан ги заврши последипломските студии на Правниот Факултет – Новинарство, при Универзитетот Кирил и Методиј и се стекна со звање Магистер по Медиуми и Комуникации по успешната одбрана на магистерската теза со наслов “Улогата на новите медиуми во транзициони општества”
Артан Груби има четиринаесет годишно искуство со меѓународни организации во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Холандија и Косово при Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, НАТО, Хашкиот Трибунал и Американски Агенции за помош со разни оперативни задачи. Има воспоставено одлични контакти со владини претставници и претставници на меѓународната заедница.

-Тоа што ќе го вети тоа и ќе го оствари. Тоа го знаат и граѓаните Македонци, Албанци и сите други во нашата држава. Знаете првиот претседател на Собрание Албанец во нашата држава ги немаше потребните 61 глас само од страна на ДУИ туку мораше консензуално да се донесе одлука за да поддржиме личност како господинот Џафери за претседател на Собранието. Исто така господинот Зоран Заев не ги победи изборите во 2016-та година туку имаше 49 пратеници и мораше да направи консензус со другите политички партии за да го добие мандатот за претседател на Владата на Република Македонија. Затоа со консензуалната политика која што ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Република Македонија, вели Груби

.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести